Британските близначки Дејзи и Вајолет Хилтон биле најпознатите сестри на почетокот од 1900 година, токму благодарение на нивниот скандалозен живот.
Она што било особено необично е фактот дека биле родени со споени `рбети и така станале најпознатите сијамски близначки.
Нивната мајка, слугинката Кејт Скинер од Брајтон ги родила од аферата која ја имала со нивниот татко, син на богат сопственик на хотел. После нивното раѓање сфатила дека родила две деца чии `рбети биле споени.
Нивната мајка била уверена дека тоа е всушност казна, проклетство за гревот од кој настанале. Набрзо после раѓањето и` ги продала на бабица по име Мери Хилтон, која официјално ги посвоила девојчињата и им го дала своето презиме.
После нејзината смрт во 1915 година, ќерката на Мери, Едит Хилтон и нејзиниот сопруг Мејер Мајерс ги одвеле девојчињата во Америка каде што ги претставиле во јавноста како „Бизарно чудо на природата“ и „циркуски изроди“ и така заработувале пари на нив.
Набрзо целиот свет дознал за нив, а близначките се појавувале и во некои филмови. После години и години работа, Дејзи и Вајолет не добиле ниту денар, додека други на нив стекнувале цели богатства. Се` до 1931 година, кога подигнале тужба против поранешните менаџери и тоа за ускратување на слободата.
За тоа пишувале и во својата биографија под име „Животот и љубовта на сестрите Хилтон“ која ја објавиле во 1942 година.
Откако го добиле судскиот спор и си ги вратиле парите, сестрите одеднаш добиле внимание од многу момчиња и стекнале цела армија обожаватели.
Во една прилика ги посетил познатиот магионичар Худини кој бил импресиониран од нивната ментална одвоеност.
Додека едната седела и разговарала со додворувачот по телефон, другата си ги лакирала ноктите или јадела јаболко. Слични работи правеле и за време на сексуален однос.
Дејзи починала во 1986 година од грип, а неколку дена подоцна починала и Вајолет.