Гаџет што ќе помогне да не ги губите телефонот, клучевите или паричникот

Досега сигурно ви се случило да заборавите да ги земете телефонот, паричникот или клучевите од автомобилот кога излегувате. Но, овој мал гаџет ќе помогне заборавањето или губењето на важните ситни предмети да станат минато.



Малите Trakkies можат да се постават на голем број предмети, а апликацијата ќе го извести корисникот преку смартфонот, ако заборавил нешто од важните работи при излегувањето од дома. Апликацијата исто така ќе дава и прецизни насоки како да се стигне до заборавениот или изгубениот предмет.

Trakkies функционира преку Bluetooth конекција која комуницира со останатите предмети што го имаат гаџетот и го информира корисникот дека го напушта опкружувањето во кое се наоѓа некој од важните предмети со кој е поврзан.

Плановите се производот да се појави на почетокот на следната година, а неговата цена треба да биде 40 евра.

Погледнете како функционира:

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О