Општопознатата и прифатена приказна за службата на Путин во КГБ е дека Дрезден, кој бил трет најголем град во Германската Демократска Република, со население од околу 500.000, бил значајно место за советската политика, во кое имало голема концентрација на шпиони.
Путиновата работа овде исто така е рутински опишувана како неважна, па дури и неуспешна.
Не постои официјална верзија на објаснувањето што Путин правел во Дрезден, а ни тој самиот нема понудено многу детали. Ниту пак постои конкретна информација за тоа за кој директорат на КГБ работел Путин.
Тоа била скриена операција за регрутација на најпознатите членови во источногерманската Комунистичка партија и тајната полиција (Стази).
Целта била да се обезбеди нивната поддршка за реформите, односно за перестројката, т.е. да се создаде линија на Советското лидерство во Москва против опозицијата на Хонекер и неговото цврсто источногерманско лидерство.
Најверојатниот одговор за тоа која навистина била мисијата на Путин во Дрезден, од сите овие наведени причини, би била: сите.
Не само што е веројатно дека Путин бил дел од некоја или сите овие активности, туку и немаме никакви материјални докази дека не бил.
КГБ крадела технолошки тајни секаде каде што можела. Ако некои од нив биле најдени во Дрезден, можеме да бидеме сигурни дека Путин и неговите колеги ја завршиле својата задача.
За тоа дали намамувал, компромитирал или регрутирал Западногерманци, или луѓе со врски со Западот, исто така има одговор: и ова била една од основните задачи на сите агенти на тајната служба.
Без оглед на тоа што точно Путин правел во Дрезден, едно нешто е сигурно – Дрезден бил „точка на вриење“ на политиката во Источна Германија.
Додека Путин бил далеку вон политичките настани во Советскиот сојуз сé до втората половина на 80-тите години, не бил вон политиката или големите настани во Дрезден.
Источна Германија се распаѓала одвнатре. Дрезден бил еден од центрите на опозицијата во границите на Германската комунистичка партија на уназадувачкиот режим на Хонекер – интра-партиска опозиција во која Ханс Модроу, лидерот на огранокот на партијата во Дрезден, бил активен учесник.
Со оглед на сé она што се случувало во Москва во тој момент, надредените на Путин од КГБ во Русија тешко дека се занимавале премногу со тоа што се случува во Источна Германија.
Но, ако Путин имал барем најмал интерес за политичките развои во ГДР, Дрезден можел да биде подобро место за живот во периодот меѓу 1985-1989.

Во Дрезден, Путин бил доволно близу за да ги набљудува активностите на источногерманската опозиција од прва рака, исто како што Андропов ја набљудувал унгарската опозиција во средината на 50-тите.
Путин бил исто така доволно незабележлив за КГБ во Дрезден, што дел од неговата работа би можела да биде да ги набљудува и истражува опозиционерите и да се обиде да ги разбере, да ги открие нивните мотивации, сили и слабости.