Сурова приказна на затвореничка: „Чуварите нè тераат да се породуваме врзани”

Породувањето не е нешто на кое многу се радуваат ни слободните жени на кои им е достапна целата здравствена помош, но бремените жени во затвор поминуваат вистински терор.

Марија Карабало прв пат го држела своето дете со лисици на рацете. Карабало во породилиштето дошла од затворот „Бедфорд Хилс“ во Њујорк, а иако затворските чувари ги потсетила на државниот закон од 2009 година кој забранува жените да бидат во лисици за време на породувањето, тие не ја послушале. И не само што не ја слушале неа, туку не ни одговориле на барањата на здравствениот персонал да ја ослободат Марија од оковите за време на породувањето.


Па така, во 2010 година Марија родила дете со едната рака врзана за креветот со лисица, затоа што чуварите одбиле да ја ослободат. После породувањето ја одвеле да го види бебето, со оковани раце и нозе. „Луѓето зјапаа во мене. Беше многу понижувачки. Не сакам другите жени да поминуваат низ истото. Луѓето грешат во животот“, раскажува Марија Карабало.



Неодамнешен извештај на проектот „Жени во затвор“ открива дека и на други затворенички им е добро познат ваквиот третман. Имено, од интервјуирани 27 жени кои се породиле после носење на законот во 2009 година, дури 23 биле во окови за време на породувањето, што не би требало да се случува, пишува порталот Express.hr.

„Често пости несогласување измеѓу политиките, па дури и законите и праксите. Никој не е одговорен за она што се случува на крајот. И на крајот имате широко распространета дехуманизација и недостаток на јавно сочувство. А сето тоа во заедничка комбинација претставува рецепт за избегнување на следење на законот“, објаснува Крафт-Столаров, жена која е на чело на споменатиот проект.

Тина Тинен, поранешна затвореничка во „Бедфорд хилс“ истакнува дека била врзана во лисици за количката сè додека не стигнала во болница, каде што итно ја пресоблекле, па се породила за помалку од 20 минути.




„Толку брзо се породив, што уште на себе имав затворска маица. Бебето врескаше, а јас му реков ’И јас се чувствувам исто. Туку што те родив по природен пат’. Се сеќавам како сонцето му го осветлуваше лицето и како јас во лисици му велев ’Сега си со мама’“.

Тинен се породила пред четири години, но и понатаму се сеќава како на нејзиното бебе за време на доењето му испаѓале нејзините гради од устата, па морала дојката да му ја враќа назад со нос, затоа што не можела да ги користи рацете.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О