– Јас ќе бидам во седиштето на СДСМ или во Кампот на слободата – изјави Заев.
Заев рече дека преговорите со власта и со Груевски ќе продолжат, без разлика на политичката одлука на судот. На прашање како ќе се одржуваат преговорите ако тој биде во притвор, претседателот на СДСМ изјави дека најверојатно ќе се среќаваат во притоворот во Шутка.
Тој демантираше дека има тајни преговори со власта, но кажа дека има средби на сите партиски нивоа. Според него, до крајот на неделата ќе завршат сите преговори и средби.