Саше Политико во полиција: Јас да го испрскав со спреј Јанко или некој од Сител, ќе бев во притвор

„Полицајците од станицата Беко во која бев вечерва повикан итно да се јавам беа љубезни и ми објаснија дека Јанко Илковски доставил поплака до нив“, вели Саше Политико за Либертас.


Тој им рекол дека знае дека ако тој го испрскал со спреј Јанко или некој од новинарите на Сител досега ќе бил во привор, бидејќи, како што им изјавил, одработуваат за режимот на Груевски.

– На господата им реков – да ми пријдеше некој од Сител да ми бара изјава а јас да го нападнев со спреј веднаш ќе бев уапсен, ама бидејќи не одработувам за режимот, иако синоќа јас, а не Јанко, бев жртва на напад со спреј, затоа вечерва јас сум тука а Јанко си се шета и ме пријавува – вели Ивановски.

Во полициската станица се согласиле дека нападот со спреј е казниво дело. По разговорот Саше Политико одлучил да го пријави Јанко – Јади бурек за синоќешниот напад со спреј.

– Моја должност како новинар е да поставам прашање од интерес на јавноста и јас синоќа сакав лично Јанко да ми искоментира, дали за неговото навивање за власта награда добил со вработување на неговата сопруга од премиерот Груевски како директор за комуникации во Археолошкиот музеј. Видовте, наместо одговор, Јанко извади спреј, ме испрска и ме бркаше низ паркот – вели Ивановски.

Дополнето:

Како што ни изјави Ивановски, тој се обидел да го пријави Јанко за нападот со спреј во две полициски станици, во „Беко“ и во „Пролет“, но таму не сакале да му ја примат пријавата со изговор дека Илковски прв го пријавил.

Ивановски сега ќе поднесе приговор до Секторот за внатрешна контрола на МВР, а најави дека ќе се обрати и кај Народниот правобранител.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О