Рускиот космонаут Генадиј Падалка, сегашен командант на Меѓународната вселенска станица, поставил нов рекорд во должината на време поминато во вселената, од вкупно 803 дена, соопшти денес руската вселенска агенција.
„Рекордот е официјален. Генадиј Падалка стана човекот кој поминал најмногу време во вселената“ рекол портпаролот на руската сојузна вселенска агенција Роскосмос за AFP.
57-годишниот Падалка моментално се наоѓа на својата петта мисија во вселената. Кога ќе се врати на Земјата во септември, со своите колеги Михаил Корниенко и Скот Кели, Падалка ќе има поминато вкупно 877 денови или грубо 2.5 години во вселената.
Обучен за воен пилот за време на советската ера, Падалка прв пат отишол во вселената во 1998 година, кога служел како командант на вселенската станица Мир.
Тој е ветеран во одење низ универзумот, а еден американски колега го опишал како најдобар во обуката на почетници за тоа како да се живее во нулта гравитација.