Дали е ова најромантичната приказна која сте ја слушнале?

Џастис Стампер моментално ја планира својата свадба, која ќе се одржи на 1 август оваа година во југозападна Вирџинија. Во свадбениот букет сака сончогледи, на масата сино-жолти украси, а на себе долга бела венчаница во која пред сведоци ќе се заколне на вечна љубов кон долгогодишниот партнер Џереми. Постои само еден „момент“ – таа е веќе омажена за него.

На социјалните мрежи и интернет портали се шири приказна која како да излегла од некоја романтична книга на Николас Спаркс со Џастис и Џереми Стампер во главните улоги.


Џастис и Џереми планираат да се венчаат на почетокот од август оваа година во југозападниот дел на американската сојузна држава Вирџинија. И тоа не би било чудно, ако младиот пар веќе претходно не бил венчан.



Џереми Стампер ја запознал жената на својот живот уште кога била девојче на часовите по веронаука, а почнале да се забавуваат неколку години подоцна. Се свршиле кога Џастис имала само 17 години, а со венчавката почекале кога невестата станала полнолетна.

Три недели после кажувањето на судбоносното да, Џастис имала сообраќајна несреќа, која ѝ предизвикала делумна амнезија. Иако со часови гледала во фотографијата од венчавката, таа не можела да се сети на својата свадба, а „изгубила“ и неколку месеци сеќавања пред несреќата.

Токму затоа, нејзиниот сопруг одлучил повторно да се ожени за својата долгогодишна љубов – и тоа точно на првата годишнина од бракот.


„Нашата прва венчавка беше прекрасна и совршена“, признал Џереми Стампер и додал дека „овој пат сака Џастис да биде воодушевена надвор од сите граници“.

Затоа, Џереми креирал GoFundMe страница со надеж дека добрите луѓе ќе му помогнат да собере 5.000 долари колку што му се потребни за на својата сакана да ѝ ги претвори сите желби во реалност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О