Сè што треба да знаете за новата планета слична на Земјата

Научниците на НАСА вчера го објавија откритието за егзопланетата Кеплер 452б, позната и како „Земја 2.0“, пишува Independent. Што треба да се знае за оваа планета и колку е таа слична со нашата?



1. Станува збор за најслична планета на Земјата

Сè кај Кеплер, почнувајќи од големината, должината на годините, условите на површината, е многу слично како кај Земјата.

2. Годините на Кеплер 452б се со скоро иста должина како и на Земјата

Времето потребно на планетата да се заврти околу својата ѕвезда на Кеплер 452б трае 385 дена, односно 20 дена подолго отколку на Земјата.

3. Би можело да има вулкани и вода на површината

Според Џон Коглин, истражувач од Институтот СЕТИ, голема е можноста планетата да е каменита, што значи дека би можело да има и вулкани под површината. А, според температурата можно е да постои вода на планетата, која е клучна за развој на живот.



Уметнички приказ за тоа како би можело да изгледа планетата

4. Атмосфера погодна за растенија

Ѕвездата на планетата Кеплер 452б е малку поголема од нашето Сонце. Дополнителната светлина и топлина што планетата ги прима од ѕвездата освен што значи дека е потопла од Земјата, најверојатно и растителниот живот е поразвиен. Според научникот Џон Џенкинс, Сонцето е слично на нашето, а растенијата би можеле на ист начин да вршат фотосинтеза.

5. Во овој момент е невозможно да се отиде таму

Кеплер 452б е можеби топла и идеална планета за човештвото, но е оддалечена 1400 светлосни години. Засега е невозможно за луѓето да патуваат до неа, барем додека не создадат многу брзи летала.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О