Џихадистите погубиле 19 девојки кои одбиле да имаат секс со нив

Терористите од ИСИС убиле 19 жени кои одбиле да имаат секс со борците, пишува Daily Mail. Според официјалното соопштение на Курдите, жените биле држани во заложништво во Мосул, Ирак.



Во меѓувреме, на интернет кружи ценовникот за сексуални робинки на припадниците на Исламската држава. Колку е помлада девојката (детето), толку е повисока цената.

Сексуалните робинки кои успеале да избегаат раскажуваат како биле присилени да се мажат за борците кои физички и сексуално се изживувале над нив. Не е познато дали убиените жени се припаднички на народот Јазиди или се киднапирани христијанки.

„Тие биле егзекутирани бидејќи одбиле да учествуваат во практикувањето на сексуален џихад“, изјави Саид Мимусини, претставник на Курдската демократска партија во Мосул, пренесува Iraqi News.



Преведен документ на ценовникот на ИСИС

Заинаб Бангура за Bloomberg изјави:

„Девојките се третираат како барел нафта, една девојка може да биде продадена и купена од пет или шест различни мажи. Понекогаш овие борци ги враќаат девојките на нивните семејства за откуп од илјадници долари“.

Тој додава:

„ИСИС има машинерија, прирачник според кој се однесува кон овие жени. Терористите имаат биро за склопување брак кое ги организира „браковите“ и продажбата на жените. Тие имаат ценовник, како жените да се стока за продажба“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О