Од реакцијата на рибарот може се види колку е исплашен, тој дава инструкции да си заминат од местото додека ајкулата им се приближува. Ајкулата скока надвор од водата неколку пати, во еден момент достигнувајќи повеќе од 3 метри во воздухот.
Ајкулите Мако, кои растат до 4 метри, се познати по нивните воздушни акробации. Научниците не се сигурни зошто скокаат над водата, но веруваат дека на тој начин се во потрага по плен над површината.