Рекорд: Меркел ќе биде на власт до 2021 година?

Германската канцеларка Ангела Меркела би можела да го сруши рекордот на Ото фон Бизмарк, кој беше на чело на владата во Берлин цели 19 години.

Според информациите на неделникот Spiegel, Меркел веќе започнала со подготовките за предизборната кампања за парламентарните избори во 2017, на кои би можела да го освои својот нов четиригодишен мандат. Таа на власт прв пат дојде во 2005 година, како прва претседателка на владата во германската историја, и оттогаш рејтингот во родната Германија ѝ е константно добар.



Бизмарк

Во Германија рекордер по време поминато на чело на владата во Берлин е првиот канцелар, Ото фон Бизмарк, кој бил на власт 19 години, од 1891 до 1910.

Во современата историја, на тој рекорд му се приближил Хелмут Кол, кој исто како и Бизмарк, ги соедини германските земји.

Герард Шредер, кој го замени Кол на истата функција, имаше солидни седум години на фотелјата, но рејтинзите ниту на Кол ниту на Шредер не можат да се мерат со поддршката која Германците денес ѝ ја даваат на Меркел.

Поради тоа, не би било чудно после четвртиот да следи и петти мандат со кого канцеларката би го срушила и рекордот на Бизмарк.



Шеф на кампања

Меркел веќе договорила состанок со Питер Таубер, генерален секретар на нејзината Христијанскодемократска унија, кој ќе биде водач на нејзината предизборна кампања.

Тој одбил да ги искоментира директно тврдењата на Spiegel за Ројтерс.

Меркел наводно веќе разговарала за изборните планови и со Хорст Зејнхофер, лидерот на Христијанскосоцијалната унија, сестринска на нејзината Демохристијанска унија.


Официјалната објава на новата кандидатура не се очекува пред 2016 година, иако Меркел во говорот кој го одржала минатата година во Келн веќе најави дека ќе се бори за четвртиот мандат.

Таа нема сериозни ривали во земјата, што западните медиуми не го гледаат како сигнал на автократија како во случајот на Владимир Путин во Русија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О