Раперот Снуп Дог приведен на аеродром во Италија со над 400.000 долари

Европскиот престој на американскиот рапер Снуп Дог продолжува со непријатност, па откако минатата седмица во Шведска беше приведен и тестиран за консумирање дроги, на италијански аеродром бил приведен со 422.000 американски долари во готовина.



Како што објави во саботата новинската агенција Ansa, италијанската финансиска полицијата запленила дел од парите поради кршење на европскиот закон за борба против перењето пари, според кој секоја готовина од над 10.000 евра мора да биде пријавена.

Снуп Дог одржа четири концерти во Италија како дел од неговата европска турнеја. Кога бил запрен на аеродромот „Ламеција-Терме“ во регионот Калабрија, патувал за Лондон.

Ова не е првпат американскиот музичар да доживува непријатности со европските служби. Минатата седмица Снуп Дог беше приведен по концертот во шведскиот град Упсала, под сомневање за употреба на наркотици. По неопходните испитувања, чии резултати се очекуваат по две седмици, раперот ја обвини шведската полиција за расизам и најави дека повеќе нема да настапува во оваа земја.

Снуп Дог стекна голема популарност во САД од појавувањето на неговиот деби албум во 1993 година. За разлика од другите изведувачи на рап музика, тој е познат по лежерниот стил на пеење со растегнати фрази и ритмична лирика. Неговите 13 студиски албуми се продадени во милионски тиражи, а исто така, се има појавено во околу 30 филмови.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О