Во последно време, во Америка, сообраќајните полицајци на возачите (а и минувачите) без многу размислување им "делат" куршуми, како да се работи за бомбони, додека во Русија засега сè уште се применува "само" физичка сила, при пресметката со учесниците во сообраќајот.
Еве што му се случило на еден возач, кој на патот претекна комби во кое што се наоѓале припадниците на специјалните единици на полицијата СОБР (специјален одред за брзо реагирање).
Поради аголот на камерата не знаеме дали на патот се случило уште нешто и што точно ја предизвикало ваквата реакција на специјалците, но да се надеваме дека не е во прашање само спорот околу претекнувањето на белото комби и кој имал предност на патот...