Дваесетина метри подолу низ стрмната карпа, Дејвид здогледал нечиј Ајфон. Иако мобилниот телефон бил паднат на многу незгодно место, сепак авантуристот Дејвид започнал „операција“ за негово спасување, па после одредено време конечно успеал да го земе телефонот.
Подоцна се обидел да дознае чиј е телефонот, па набрзо открил дека Ајфонот ѝ припаѓа на извесна Челси, а од фотографиите кои што биле во мобилниот телефон заклучил дека станува збор за згодна девојка.
Дејвид одлучил да сними кратко видео преку кое ќе се обиде да ја пронајде сопственичката на Ајфонот, а само неколку дена подоцна пристигнал и коментар од Челси:
„ТИ БЛАГОДАРАМ, Дејвид Лафарге. Го пронајде мојот мобилен! Ти си најкул тип затоа што си се качувал по карпите и си го направил ова видео за да ми го вратиш телефонот. Кога сфатив дека тука ми падна телефонот, помислив дека никогаш нема да го добијам назад. Многу сум ти благодарна и на сите ќе им го раскажам ова“.