Откриена најголемата тајна на Путин: Тој е Грузиец и вонбрачно дете!

Германскиот весник Zeit ги објави тврдењата на еден од водачите на некогашното чеченско движење, Рустам Даудов. Тој наводно има докази дека мајката на шефот на Кремљ е всушност Вера Путина, факт кој Путин го крие со години.

Рускиот претседател Владимир Путин е вонбрачно дете родено во Грузија, каде живеел првите 9 години од својот живот, а таа тајна тој наводно ја криел во текот на кариерата за да изгради подобар имиџ во јавноста и на тој начин да дојде на власт.

Тоа го објавил германскиот недленик Zeit, наведувајќи дека многубројните мистериозни приказни за потеклото на Путин ги обелодениле луѓе кои се добро упатени во неговиот живот и кои дури и го ризикувале сопствениот живот за да ги откријат.

Видеото за оригиналната сторија ќе го најдете овде.

Пад на авион

„Ако овие приказни беа објавени порано, Путин можеби никогаш немаше да стане претседател на Русија, а тоа можеби и би ја променило светската современа историја“, пишува Zeit.

Во неделникот се наведени осум клучни моменти во приказната на рускиот лидер, а една од нив е поврзана со мистериозен пад на авион во март 2000 година во Москва. Тогаш починале Чеченецот Зија Бажајев, некогашниот директор на нафтената компанија Алијанс Груп, и Артјом Боровик, руски новинар, познат по своите жестоки критики на рускиот режим. Тие двајцата наводно патувале во Грузија за да се најдат во Тбилиси со Чеченецот Рустам Даудов, кој сакал да им покаже снимка на која се наоѓаат докази за потеклото на Путин. Инаку, Путин дотогаш ја извршуваше функцијата на привремен претседател на Русија, после повлекувањето на Борис Јелцин.



Германскиот неделник потсеќа и дека во текот на 2000 година беснееше судир на руската влада и Чеченците, а Даудов бил еден од лидерите на тоа движење. Нему спорната снимка му ја доставил човек кој се претставил како член на разузнавачката служба на Грузија, и тврдел дека знае која е вистинската мајка на Путин. Тој му ја понудил снимката на Даудов во замена за пола милион долари. Чеченецот тогаш не ја прифатил понудата, но набргу дошол до жената за која се тврди дека го родила рускиот претседател.

Станува збор за Вера Путина, која тогаш имала 73 години и живеела во селеото Метечи, на околу 60 километри од Тбилиси.

„Уверена сум дека тој е мојот Вова“, рекла старицата кога Даудов ја вклучил камерата, преставувајќи се како човек кој прави сторија за Путин.

Не го видел својот татко
Путина тогаш раскажала дека е родена на 6 септември 1926 година во подножјето на Урал. Таму како девојка се заљубила во Платон Привалов и останала бремена, но подоцна дознала дека тој е веќе оженет, поради што ја раскинала аферата. Момчето се родило на 7 октомври 1950 година. Го нарекла Владимир. Подоцна се премажила, но на нејзиниот нов сопруг Вова почнал да му пречи. Го дала на своите родители, но тие не можеле да го чуваат бидејќи биле болни, па детето било дадено на старателско семејство, односно далечните роднини Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна Путина. Овој брачен пар живеел во Ленинград. Вера му открила на Даудов дека на Путин таму му бил сменет матичниот лист, а како датум на раѓање му бил запишал 7 октомври 1952 година.

Официјална верзија

Родителите на Путин во неговата официјална биографија се Владимир Спиридонович Путин и Марија Ивановна Путина, која го родила во 1952 година, во 41-вата година од животот. Германскиот неделник наведува дека во тоа време раѓањето на дете во толку доцни години од животот во СССР било многу необично, и тоа многумина го прокоментирале подоцна. Zeit пишува и дека точно десет дена откако испратиле прашања до Кремљ, во магазинот Руски пионир излегла статија напишана лично од Путин во која детално зборува за своите родители, нешто што никогаш порано не го направил.



Хронологија: Како е заташкуван случајот

Вера Путина, наводната биолошка мајка на Путин, тврди дека луѓето од КГБ и ги зеле фотографиите од детето, освен една.

Даудов пред претседателските избори во 2000 година се обидел да ја објави приказната преку турскиот весник Ilhas.

Италијанскиот новинар Антонио Русо (40) подоцна ја откупил снимката од Даудов, но бил убиен на 16 октомври недалеку од Тбилиси.

Во истрагата на смртта на Русо учествувале двајца грузиски полицајци, од кои едниот извршил самоубиство, а другиот е отруен.

Неодамна Вера Путина, која денес има 88 години, ја посетиле новинари, но на нејзините ќерки им било забрането да разговараат со мајка им.

Новинарите откриле дека некои луѓе доаѓале и зеле примерок од крвта на Вера, а се претставиле како разузнавачи.

На 7 септември во Азербејџан е јавено дека во градот Баку е убиен Рустам Даудов.

Се испоставило дека е убиен погрешен човек, а Даудов е сé уште жив и приказната успејал да ја објави во Zeit.

Од докази, Даудов има фотографија од момче кое личи на Путин, а ја добил од куќата на Вера Путина. Таа тврди дека на фотографијата е малиот Владимир како двегодишно дете.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О