Фотографијата од површината на црвената планета која што неодамна ја објави НАСА, буквално предизвика лавина од коментари на друштвените мрежи поради необичниот објект кој бил забележан на површината на Марс.
Фотографијата која што ја снимил роботот на НАСА Curiosity минатиот месец, веќе со денови е главна тема за полемики на мрежата Facebook во групата Journey to the Surface of the MARS.
- Пајак, вонземјанин, вселенски рак, се само некои од коментарите на корисниците на друштвените мрежи кои останаа збунети од необичната фотографија.