Северна Кореја ќе воведе нова временска зона

На 15 август Северна Кореја ќе воведе нова временска зона за да го одбележи ослободувањето од Јапонците по крајот на Втората светска војна, пишува BBC.



Северна Кореја е во истата временска зона со Јужна Кореја и Јапонија, што значи дека се 9 часа напред по гриничко време. Но, на 15 август времето ќе се врати наназад за 30 минути.

Според соопштението на државната агенција KCNA, „злобните јапонски империјалисти имаат сторено непростливи злосторства со цел бришење на корејската нација, дури и ја лишиле Кореја од стандардното време, земја која има културна традиција долга 5.000 години“ со менување на часовниците за време на окупацијата. Целиот Корејски полуостров, кога сè уште бил една земја, бил 8.5 часа напред по гриничко време сè додека Јапонците не го колонизирале во 1910 година.

Воспоставувањето на „Пјонгјанг времето“ значи искоренување на остатоците од јапонскиот колонијален период, објави агенцијата. Новата временска зона ќе започне од 15 август, на 70-годишнината од ослободувањето на Кореја од Јапонија.

Јужна Кореја тврди дека е во иста временска зона со Јапонија бидејќи е во склад со меѓународната пракса.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О