26-годишната мајка на два сина носи близначки, а и покрај тоа што се ближи кон датата за породување, таа изгледа фантастично. Софи постојано ја документира својата бременост со фотографии и добива многу комплименти за својот изглед. На новите црно-бели фотографии, синооката Австралијка позира целосно разголена.
Освен што добива комплименти, Софи на социјалните мрежи е во центарот и на многу негативни коментари од лица кои сметаат дека таа не треба да вежба со тегови. „Еден маж ми остави коментар на Facebook страницата во кој ми напиша дека тоа што го кревам е значително тешко. Но, тоа е значително тешко за кого? За него? Син ми тежи 29 кг и ако заспие некаде, јас морам да го носам. За мене тоа не е голема тежина. Сè се сведува на тоа што е тешко за одредена личност и колку можела да крене таа пред бременоста“ – објасни Софи пред почетокот на седмиот месец од бременоста.
За да биде толку физички активна, Софи добила дозвола од својот гинеколог, а постојано вежба под надзор на својот сопруг Нејтан, кој е кондиционен тренер.
Софи непрекинато истакнува дека вежбањето во бременоста ѝ помогнало да има повеќе енергија и да избегне здравствени проблеми како гестациски дијабетес, од кој страдала за време на претходните бремености.