Во Дубаи наскоро ќе има цела населба под вода (фото)

Луксузниот и ексклузивен Дубаи, кој во светот на иновациите и идеите секогаш е 10 чекори напред од останатиот свет, наскоро ќе стане дом на првото предградие под вода некогаш направено во светот, кое ќе се состои од лебдечки домови, делумно сместени под водата.



Познати како Floating Seahorse, ќе бидат поставени вкупно 45 вакви лебдечки домови, од кои 35 веќе се и продадени.

Проектот е поткренат и дизајниран од страна на водечките европски архитекти, во склоп со познатиот островски проект “The Heart of Europe”, кој го спојува најдоброто од европскиот дизајн, наследството и забавата.

Секој “лебдечки дом” ќе има три нивоа на животен простор - еден под вода, еден на нивото на морето и една горна палуба. Се планира спалната соба и бањата да биде во потполност под површината на водата, со што ќе се овозможи единствен прекрасен поглед кон морскиот живот.

Целата структура ќе биде уредена со најмодерни елементи, а ќе биде изграден и вештачки корален гребен за заштита на загрозениот вид на морски животни, без притоа да биде нарушена подводната идила и поглед кон морската бајка.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О