Хрватско гангстерско семејство ја тероризира Данска: Досега ја чинеле 9 милиони евра

Најозлогласеното семејство во Данска повторно предизвика бес кај тамошната јавност со своето дивјачко однесување. Доколку социјалното осигурување не беше камен темелник во данското општество, многучленото семејство Леваковиќ би живеело номадски живот како нивните заборавени роднини во Хрватска.

Покрај тоа што имаат повеќе од 45 членови кои во Данска пристигнувале еден после друг од средината на 70-тите години и воедно во Данска направиле речиси илјада кривични дела, семејството Леваковиќ секој месец добива дарежлива социјална помош која се брои во десетици илјади евра.


Тамошните служби пресметале дека Леваковиќ, откако се во Данска, ги чинеле вртоглави 9 милиони евра – од социјала и здравство до престој во затвор. Но, после самопромоцијата на главата на семејството, т.н. Гими Бос 007 во телевизиските емисии и на социјалните мрежи, Данците одлучиле да ги вратат во Хрватска, пишува сајтот Jutarnji.hr.

За разлика од Данците, кои излезот го гледаат единствено во заслужената депортација на семејството Леваковиќ во Хрватска со оглед на потеклото, Гими во име на целото свое непосакувано гангстерско семејство порачува: „Данска, нема лесно од нас да се ослободиш! Ние Ромите сме многу обеднети и се држиме заедно! Ќе ви го докажеме тоа!“

Штом веста за можна депортација на најкриминалното семејство во Данска дошла до Хрватска, никој не останал рамнодушен. Но, Леваковиќ во Хрватска всушност немаат ништо, а повеќето од нив не ни знаеле хрватски и покрај хрватските пасоши, ниту имаат завршено училиште. Единствено што имаат се богати полициски досиеја истотици илјади евра готовина која со задоволство ја покажуваат на социјалните мрежи. Полицијата вели дека тие пари им се од криминални активности, од кои само ретки им се докажани. Леваковиќи тврдат дека се невини и чисти како солза, но дека имаат лоша карма и дека луѓето им завидуваат.


Ако данската одлука се спроведе во пракса, штом ќе ги отслужат затворските казни, во Хрватска би можеле да се вратат осудениот ограбувач на банки Јура Леваковиќ (27), уличниот разбојник Стефан Леваковиќ (52), ограбувачите пензионери Џанго и Стефан Леваковиќ, насилниот ограбувач Долар Леваковиќ и шверцерот на цигари и крадец Алпачино Леваковиќ (24). Во Данска живеат дури четири генерации од ова семејство, а корените ги засадиле родителите на Гими кои, како што тврди, како тригодишник го одвеле од Хрватска на данската територија и го поставиле на нозе.

Данското правосудство веќе им ги одзело лиценците за живеење на некои од Леваковиќи, кои со тоа изгубиле и некои од правата, и тоа после низа пресуди против ова ромско семејство за широк спектар на криминални дела. Леваковиќи би можеле да бидат депортирани во Хрватска освен ако данските институции не ја почитуваат нивната трета жалба по ред.


Поради информациите кои пристигнуваат од данските медиуми, тој клан и Хрватска го држи под будно око. За семејството Леваковиќ се снимени дури и документарци. Во одредени статии во весниците се издвоени како пример за успешно семејство кое живее на ловориките од сопствената снаодливост.

Последното апсење поради кое Гими завршил во затвор, а потоа и на насловните страници од таблоидите, било на 1 мај кога имал конфликт со друг Ром, притоа барајќи од својата 14-годишна ќерка да му донесе пиштол. Таа го одбила тоа, а бидејќи не престанувал да вика затоа што бил пијан, била повикана полиција, која за време на апсењето кај Гими пронашла 22.000 американски долари. Пред полицијата тврдел дека не е виновен, дека пиштолот не е негов и дека парите требало да му служат како капар, наем, но и како прва рата за нов стан во Моталавеј. Сепак, ако по судски пат му се докаже вината, судот покрај затворска казна, би можел да му одреди и прогон од земјата со забрана за влегување од дури 12 години.


„Е, тога кога ќе стигне социјалната помош, ги ставаме парите во паричници и потоа ’ги губиме на улиците’. Ги гледаме луѓето кои ги пронаоѓаат и ги заседуваме. Се забавуваме, но тие се алчни! Сакаат да го земат она што не им припаѓа. Полицајците ми викаат дека треба да одам во затвор, но јас им велам ’каков затвор?’ Па јас морам да заработувам пари за да го преранам семејството на кое сум му пример и кое има свои соништа“, вели Гими кој шест години поминал во затвор и нема ниеден ден работен стаж, затоа што наводно боледува од паника и астма.

Дали ова семејство ќе стапне на хрватското тло би можело да се дознае кон крајот на идната година кога првиот од нив ќе ја отслужи затворската казна која, покрај престојување зад затворските решетки, подразбира и шестгодишен прогон од Данска.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О