Samsung брза во намерата да го претрка Apple

Јужнокорејскиот електронски гигант Samsung потврди дека на 13ти август во Њујорк, ќе организира свечена промоција на своите најнови модели на паметни телефони.


Церемонијата чиј маркетиншки слоган е Доаѓа идниот галакси, ќе може да се следи во живо и преку интернет, односно преку каналот на Самсунг на You tube, објавуваат веб порталите.

Оваа церемонија е идеална можност на јавноста да и се претсави новиот galaxy nout 5, што би било првпат Самсунг да не го сочека саемот за електроника во Берлин на почетокот на септември за да го промовира својот нов фаблет ( т.е телефон и таблет во едно ).

Се претпоставува дека основниот мотив за ваквата реакција на Самсунг е намерата да се претрка Apple и неговите нови таблети кои ќе бидат промовирани во септември во Германија.
Освен nout5, гигантот би можел на претстојната церемонија да го промовира и galaxy S6, како и т.н паметен часовник, освен ако не остави нешто и за саемот во Берлин.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О