Моника заедно со францускиот комичар, Алекс Луко, го водела програмот, а на публиката ѝ бил претставуван филмот "Исмаилски духови" на Арно Деплешен. Меѓутоа, за да ги забавува гостите, Моника, која воедно и ќе ја затвори овогодинешната манифестација, почнала да танцува, а потоа одненадеж и го бакнала комичарот. Овој бакнеж бил дочекан со воодушевување, а многумина биле шокирани од смелоста.
Белучи, облечена во долга тегет тоалета, рекла дека "идентитетот на филмот нема ни род, ни знамиња ни граници" и му оддала почит на Алмодовар, "човекот кој ги сака жените".
Бакнежот траел неколку секунди, а потоа се слушнал громогласен аплауз.