Свадба на милијардери: Раскошна венчаница каква што не сте виделе досега


Милијардерот Џозеф Гети и дизајнерката Сабине Ганем склучиле брак на раскошна церемонија која многу странски медиуми ја нарекоа „најекстравагантна венчавка на годината“. Истата титула ја доби и венчаницата на 30-годишната Сабина.

Џозеф Гети, наследникот на успешна династија која управува со нафтено царство, и дизајнерката Сабине Ганем се венчале на раскошна церемонија одржана во Рим.



Како што обично се случува на богаташките венчавки, странските медиуми на големо пишуваат за трошоците кои се искачиле на вртоглави 11 милиони долари. Модните експерти, пак, расправаат за скапоцената венчаница на невестата и се сложуваат дека станува збор за најекстравагантниот модел кој имале прилика да го видат досега.



30-годишната Сабине на Инстаграм се пофалила дека француската модна куќа Shiaparelli и` ги исполнила најлудите соништа со изработка на екстравагантната венчаница.



Наместо вел, дизајнерката носела наметка со капуљача на која рачно со злато бил извезен мотив на сонце. Истиот мотив се наоѓал на венчаницата и на чевлите од брендот Olympia. Од модни додатоци, невестата одбрала дијамантски ѓердан, обетки и тијара.



После венчавката сите се упатиле на тематска забава направена по примерот на филмот „Опасни врски“ од 1988 година, чија приказна е сместена во француски дворец од 18 век, па сите гости носеле костуми инспирирани од тој временски период.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О