Две деца на возраст од 10 и 11 години биле обвинети за планирање на убиство на девојче кое што учело со нив.
Во американската држава Вашингтон судијата ги прогласил двете деца, на возраст од 10 и 11 години, за способни да им се суди пред судот за малолетници поради планирање на убиство.
Имено, обвинителот во округот Стивенс, Тим Расмусен, изјавил дека децата, ученици во петто одделение, имале рачно напишан план од седум точки, а истиот бил наменет за убиството на девојче кое што учело со нив. Овој список на активности бил доказ дека тие навистина биле ментално способни да го изведат убиството.
Судијата навел дека децата ја разбрале природата и последиците на своите постапки. Тие се изјасниле дека не се виновни за обвинението според кое тие се обвинети за планирање на убиство, подмитување на сведоци и поседување на огнено оружје.
Децата биле уапсени на 7 февруари, кога еден од соучениците во одделението пријавил дека еден од обвинетите кај нив има нож. Откако му бил пребаран ранецот, биле пронајдени и полуавтоматски пиштол и муниција. На децата им била одредена кауција од 100.000 долари, а психијатарот за одбрана и државниот психолог оцениле дека децата претставуваат опасност за општеството.