Пред да се решите да купите нов мобилен телефон ќе се соочите со голем избор од понудата на македонските оператори, но и голем број на тарифни модели и опции кои мора внимателно да се разгледаат пред да потпишете двегодишен договор.
Ако земеме во предвид дека со избор на одредена пост-пејд тарифа добивате и голем попуст за купување на мобилен телефон кој најчесто операторите го даваат на рати или пак за 0 денари ви нудиме опширна анализа за полесно да го направите тој избор.Телефоните во овие понуди се движат од 0 до 35.000 денари, па затоа сега ќе се задржиме на најдобрите со цена до 3.000 денари при избор на тарифите кои се движат до 600 денари месечно. Ова го правиме бидејќи и во оваа навидум ниска класа има одличен избор на мобилни телефони, кои имаат одлични карактеристики.