Часовникот Tikker го одбројува времето до крајот на животот

Во океанот од различни технолошки уреди има неколку необични предлози. Меѓу
нетрадиционалните дефинитивно може да се вброи и рачниот часовник „Tikker“, бидејќи тој нема само да ви покажува колку е часот. Уредот ќе го одбројува и преостанатото време до крајот на животот.

Часовникот е дело на истоимената компанија и во моментов обезбедува финансии преку платформата „Kickstarter“. Според неговите творци, преку него светот може да стане подобро место и секој ќе биде стимулиран да вложува напори кои се потребни за да го направи својот живот таков каков што сонува да биде.

Носителот на „Tikker“ мора прво да пополни анкетна карта, во која се содржат бројни прашања за неговиот начин на живот. Па тој, освен што ќе го покажува реалниот час, ќе го одбројува и преостанатото време на корисникот.

„Не е важно колку време имате, туку што правите со него”, велат креаторите на уредот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О