Папараците го фатија како ужива со ќерката Ема во шопинг во Лос Анџелес.
Џенифер во лежерно издание е подеднакво прекрасна.
44-годишната Лопез била облечена во широки панталони и сива маица, а на нејзиното лице немало ни трошка шминка.
Далеку е од она издание во кое ја навикнавме да ја гледаме, но Џенифер ја покажа и својата „друга страна“. Опуштеното и спортско издание и тоа како и одговара, а годините на нејзиното лице како да застанале за неа.
Освен ќерката Ема, Лопез го има и синот Макс. Близнаците ги доби во бракот со Марк Ентони, од кој се разведе во 2011 година.
Веќе две години Лопез е во врска со 18 години помладиот Каспер Смарт.
Можеби токму младото момче е причина за нејзиниот одличен изглед.