Се срамела да оди на приредба на синот, па ослабела 100 килограми

Една жена од Велика Британија толку била опседната со својата тежина, што пропуштила важни моменти од нејзиниот живот. Но откако не отишла на приредбата на нејзиниот син, во нејзиниот живот се случила тотална промена.

Четириесет и пет годишната Ким Фрешвотер поради својата тежина се срамела да отиде на приредбата на која нејзиниот син добил награда. Имено таа се срамела да се појави пред останатите и и било страв дека ќе го скрши столчето. Оваа ситуација ја мотивирала да ослабе. Имала околу 180 килограми денеска има 74.

Таа не одела на свадби плашејќи се да не го засрами своето семејство, никогаш не одела на прослави, а ако требало да преспие во друга куќа спиела на подот во страв да не го скрши креветот.

Во кино не можела да помисли да оди не ја собирале столчињата. Се движела со помош на стап.

Но кога ја пропуштила училишната церемонија на која бил награден нејзиниот син од страв да не го скрши столчето, решила да го промени својот живот. За 3 години изгубила 100 килограми, на тој начин што еден обилен оброк во денот, го делела на три помали.
- Изгубив толку прекрасни моменти со семејството кои никогаш нема да се вратат, но решена сум да надоместам колку што можам. Мојот сопруг се жали дека мојата нова линија го чини пари, порано имав 4 пара чевли, сега имам 40. Порано носев само црно, сега имам облека во сите бои вели охрабрената Британка.

Пред диетата, Ким јадела само еднаш во денот навечер. Но јадела огромни количества на храна. Денеска јаде три пати во денот но помалку и здраво подготвена храна. Пред 3 години Ким имала проблеми со висок притисок, одвај дишела и имала болки во грбот и нозете. Сега се е поинаку.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О