Пет работи кои никогаш не би требале да ги правите по јадењето


По задоволувачки оброк, многумина од нас само сакаат да си легнат на кауч и да гледаат ТВ или некој филм. Но малкумина знаат дека ова е всушност една од најлошите работи кои можете да ги направите по оброкот. Малечки лоши навики како овие ни се пречка да го постигнеме најздравиот потенцијал на нашиот организам.

Еве пет работи кои никогаш не би требале да ги практикувате по јадење:

1. Да спиете



Одењето во кревет веднаш откако сте јаделе му предизвикува на вашиот стомак да "гори" за време на ноќта, што предизвикува непријатност, надуеност и чудни начини на спиење. Едно истражување на Медицинскиот Универзитетот во Јанина открило дека луѓето кои оставале најголем простор помеѓу последниот оброк и заминувањето на спиење имале помала веројатност дека ќе имаат мозочен удар. Со ова на ум, обидете се да не јадете веднаш пред спиење, оставете растојание од неколку часа.

2. Да запалите цигара





За жал за некои луѓе, пушењето е се уште ин. Иако тоа е веројатно една од најштетните работи кои можете да си ги направите на самите себе и на своите бели дробови, ако веќе морате, барем почекајте неколку часа после јадење. Треба да се воздржите бидејќи никотинот во цигарите се врзува со вишокот на кислород што всушност му е потребен на дигестивниот систем за варење на храна, па така ова му овозможува на вашето тело да спсорбира повеќе канцерогени отколку обично. Според истражувањата, пушењето веднаш после оброк е речиси еднакво како да пушите 10 цигари одеднаш. Ова исто така го зголемува ризикиот од рак на дебелото црево и белите дробови.

3. Туширање



Кога се тушираме, нашите тела го зголемуваат протокот на крв за да стигне до нашите дланки, стапала и генерално, целото тело, што го забавува протокот на крв до желудникот. Ова ја ослабнува работата на дигестивниот систем, предизвикувајќи го да стане неефикасен, што може да предизвика болки во стомакот.

4. Да јадете овошје



Најверојатно мислевте дека е супер да јадете овошје во секое време, така? Епа, всушност најдобро е да се јаде овошје на празен стомак. Ова е така бидејќи овошјето бара различни ензими за варење, а на едноставните шеќери во овошјето им е потребно време за целосно да се апсорбираат во телото. Со ништо друго во вашиот стомак освен овошје ќе имате корист од сите хранливи состојки, влакна и едноставни шеќери. Ако чекате до после оброк да изедете овошје, плодот останува во вцашиот желудник и скапува тука. Ова може да предизвика потешкотии со варењето, киселини, подздригнување и други непријатности.

5. Да се напиете чај



Пиењето чај веднаш по оброк се меша со апсорпција на железо. Таниновата киселина од чајот се врзува со протеините и железото од нашата храна, и ги спречува нашите тела да ги "жнеат" придобивките од храната која ќе ја изедеме. Ова резултира со намалување на 87% во апсорпцијата на железо! Ниско железо може да предизвика анемија, недостаток на црвени крвни клетки во крвта, која потоа предизвикува екстремно чувство на замор, слабост, бледа кожа, болки во градите, вртоглавица, ладни раце и нозе, кршливи нокти и слаб апетит.

Следниот пат кога ќе јадете, направете си ментална забелешка за времето и осигурајте се дека ќе оставите простор помеѓу оброкот и легнување во кревет, јадење овошје, туширање или пиење чај. А во врска со цигарите, едноставно откажете ги!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О