„Шпигел“: Македонскиот главен град тоне во кич

Historischer Kitsch: Aufmarsch der Bronze-Krieger

Германскиот „Spiegel“ објави репортажа за Скопје, под наслов „Националната реконструкција на Македонија: Град тоне во кич“.


Весникот согледувајќи ја реалната состојба и кризата во македонската економија и забележува на Владата за вложувањето на огромни суми за реконструкција на главниот град Скопје со бомбастични палати и златни статуи.

„Архитектите се згрозени. Пред „Воинот“ фонтани, во воздухот бои, црвена, жотла, сина, пурпурна. Осум бронзени војници, високо над нивните глави, искачен е „Александар Велики“, со испружен меч кон облаците на небото. Од звучниците одекнува музика од Вагнер и Чајковски. Светлината е во такт со музиката, во зависност од нејзината јачина, осветлувањето се зголемува и намалува. Скопје има нова атракција. Речиси 30 метри висок и околу 10.5 милиони евра скап споменик на плоштадот „Македонија“, во срцето на главниот град.

 Тој е подеднакво автентичен како реконструкцијата на Големиот канал во Лас Вегас“, пишува германскиот весник. На другата страна на реката Вардар, на влезот во стариот дел на градот е издигнат кралот Филип II – таткото на Александар Велики, тој ја има издгнато тупаницата, во височина, кон небото. Трчаат бронзени коњи околу еден бунар. Наспроти легендарните кралеви низ улиците се издигнуваат зградите на новите министерства, театарот, музејот и други поети и револуционери од 19 и 20 век“, се наведува во текстот.

За „Шпигел“ станува збор за кич од грандиозни размери.

„Скопје 2014“ е името на проектот за радикална промена на ликот на градот, кој е проект на националната конзервативна владејачка партија ВМРО, кој може да чини стотици милиони евра. Официјално, финансирањето на овој проект треба да го чини буџетот на државата 207 милиони евра, вклучувајќи ги и министерствата, новиот национален театар и триумпфалната порта, но оваа сума најверојатно е и дури двојно поголема, констатираат од весникот.
При склучувањето на договорите за реализација на проектот бесрамно се прекршуваат на законите, но, македонските медиуми несмеат да критикуваат, бидејќи речиси сите медиуми се под контрола на владејачката ВМРО-ДМПНЕ.

„Шпигел“ посветува и внимание на острите критики на Дуња Мијатовиќ од ОБСЕ, за немањето слобода на говор и за осудување на новинарите, каков што беше и случајот со Кежаровски.

Според германскиот медиум, економската ситуација е најмалата причина за да се гради овој триумф.

„Шпигел“ репортажата ја завршува со борбата за Градскиот трговски центар, кој е  влезен во проектот „Скопје 2014“ и треба да биде променет во барок стил, но поради демонстарции од граѓани сеуште е со непроменет лик.

Целата репортажа на „Spiegel“ може да се прочита на следниов линк

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О