Шеќеринска: Власта е во паника


Власта ја фаќа нервоза и паника од успехот на нашата кампања, вели заменикот-претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, која во Велес ја презентираше програмата „Да ја вратиме средната класа“.

„Наша цел е да понудиме на алтернатива во оваа држава. Факт е дека ова предизвикува позитивни реакции кај граѓаните, но е и факт дека ја прави власта многу нервозна. Како никогаш досега се изнаслушавме навреди, неаргументирани обвинувања, напади и лаги. 


Пред некој ден дури не прогласија и за непожелни во овој град. Каде тргна Македонија, кога власта си дозволува и се чувствува моќна да прогласува подобни и неподобни граѓани во сопствената држава. Во ситуација кога 81 отсто од младите на Велес сакат да го напуштат
градот и државата, сакаме да понудиме алтернатива на сигурност, на почитување.

 По нашата промоција на програмата со која нудиме повраток на 15 отсто од ДДВ, власта не' плукаше две недели, нашиот предлог бил невозможен, несериозен. По толку време плукање излегоа со нивно решение: наградна игра, за собрани фискални сметки. На нашата реална понуда и програма тие одговараат со нервозни реакции“, рече Шекеринска.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О