Властите во Јапонија го уапсиле 54-годишниот Хидејуки Ногучи, откако една од жените учеснички во „истражувањето“ се видела себеси на видео.

Наводно, Ногучи и’ признал на полицијата дека силувал речиси 100 жени.
Злоупотребите почнале во 2012 година кога тој почнал да бара учеснички во студија за спиење, а во огласот навел дека бара жени до 40 години.
Меѓутоа, полицијата открила дека осомничениот нема никакви медицински референци за да ја направи спомнатата судија, како и дека жените кои се пријавиле на огласот прво ги изолирал, а потоа ги дрогирал и силувал.
Сé снимал, а потоа снимките ги продал за 100.000 долари.