Нова герила акција од автономната зона.Пред половина час студентите кои вечерва ја поминуваат првата ноќ на Филолошкиот факултет се јавија во живо во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ водителот Јанко Илоски.
Еден студент, претставен како Ѓорѓи, загрижен бидејќи не може да нормално да оди на настава на факултетот, се јави преку социјалната мрежа Скајп и преку порака го замоли водителот да го вклучи дирекно во емисија.
Водителот го прифати видео повикот и студентите се вклучија во живо во емисијата.
По краткиот разговор, во кој студентот наивно зборува колку е револтиран од окупацијата која ја спроведуваат 20-30 студенти, му посочува на водителот дека има специјален поздрав за него и во тој момент Пленумци го извикаа водителот дигајќи среден прст и извикувајќи автономија.
Екипата на НОВА ТВ вечерва останува во студентската автономна зона. Следете нè и бидете во тек со сите активности на студентите. Првата вечер од студентската окупација на Филолошки факултет тече во пријатна атмосфера.