Силна светлина над Нов Зеланд: "Се слушна експлозија"
Видов зелена кугла на небото. Ми изгледаше како да експлодира и да се подели на три дела. Претпоставувам дека слета некаде во Тасманијското море, рекол еден сведок.
Силно светло, во средата во околу 22 часот по локално време, го осветлило небото над новозеландски Оукленд, јавуваат локалните медиуми. Најверојатно станува збор за метеор, пишуваstuff.co.nz. "Видов зелена кугла на небото. Ми изгледаше како да експлодира и да се подели на три дела. Претпоставувам дека слета некаде во Тасманијското море. Можеби беше метеор, можеби вселенски отпад кој согорел", рекол Енди Вордл.
Некои луѓе рекле дека слушнале силен удар, односно експлозија од која се треселе нивните прозори. Светлината се видела и во други делови од земјата.
"Живеам во Катикатиј и видов силна светлина на небото, мислев дека е гром", рекла Марија Шервуд, јавува The New Zaeland Herald.
Џоел Шиф, пензиониран професор од универзитетот во Оулленд и експерт за метеори, рекол дека станува збор за објект кој се распаднал и изгорел додека минувал низ атмосферата.
"Звукот на експлозијата веројатно настанал кога делови од објектот влегле во пониските слоеви на атмосферата", рекол Шиф.
Шели Лок напишала дека никогаш во животот не слушнала таков звук, а Том Рушер напишал дека се треселе сите врати и прозори во неговата куќа.