Мистеријата на „бременото бебе“: Девојче родено со близнаци во стомакот

Секој од фетусите имал посебни црева, папочна врвка, но и ребра, `рбет и мозок во почетен развој.

Лекарите во Хонг Конг дури овој месец успеале да го завршат истражувањето за девојчето родено содва фетуси во своето тело. Случајот датира уште од 2010 година, но дури сега е потврдено дека двете структури кои биле пронајдени во телото на новороденото девојче, биле навистина фетуси, пренесува Iflscience.com




Секој од фетусите имал посебни црева, папочна врвка, но и ребра, `рбет и мозок во почетен развој. Лекарите сметаат дека фетусите се развивале во мајката осум до десет недели, а подоцна некако се апсорбирале во телото на детето пред раѓањето.

„Бидејќи е невозможно бебето да забременило само од себе, за оплодувањето на фетусот со близнаци се одговорни нејзините родители“, рекол специјалистот гинеколог доктор Ју Каи-ман.



Девојчето било успешно оперирано, а фетусите отстранети од пределот измеѓу левиот бубрег и црниот дроб. Овој е прв случај на фетус во фетус во Хонг Конг, а ваквата појава се случува толкуретко, што се документирани сè на сè 200 вакви случаи во научната литература.

Ембронот во бебето бил премал, па не можел да биде забележан за време на редовните ултразвучни прегледи во бременоста.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О