Филип Бојл (33) од Нунтропе, предградие во Миделсброу и неговиот врсник Џејми Блит завршиле на 11.000 километри оддалечениот Тајланд иако во петокот навечер се договориле дека ќе поминат мирна вечер со неколку пива.
Но, како што тоа често се случува, „уште едно пиво“ се претворило во неколку и дуото во саботата нешто пред пладне пијани се упатиле кон аеродром кон популарната туристичка дестинација Петаја со најлонски кеси во рацете во кои ставиле неколку маици и долна облека.
„Идејата се роди околу 11 часот претпладне во време додека се уште бевме мамурни, а ја избравме Петаја затоа што се сетивме дека таму престојуваат неколку наши пријатели од Миделсброу кои ги немаме видено долго време“, рекол Бојл за Gazetta Live и додал:
„На пат до манчестерскиот аеродром речиси се предомислив, но пресуди таксистот кој тогаш се сврте и рече дека Џејми веќе четири пати така го вози на аеродром на патување ’во последен момент’. Тоа ми беше урнебесно, па овој пат одлучив и јас да учествувам“.
Пријателите до Патаја патувале седум часа, а таму навистина ги пронашле пријателите кои ги барале. Во Миделсброу би требало да се вратат денес, меѓутоа постои став дека на аеродром ќе пристигнат дури после шанкот, се шегуваат англиските медиуми.
Инаку, ноќниот живот во Патаја е многу содржаен: