Иако има работа и работи како водителка на еден мексикански спортски телевизиски канал, Химена е свесна дека денес вистинската слава се стекнува на социјалните мрежи. Затоа таа редовно става провокативни фотографии и веќе има преку милион следбеници на Твитер и исто толку фанови на Фејсбук.
На интернет веќе може да се наиде на многу фотомонтажи од оваа водителка рамо до рамо со Ким Кардашијан, а фановите треба да одлучат која е подобра.
Иако очигледно се разбира во спорт и добро си ја работи својата работа, таа станала популарна само поради впечатливите облини. Можеби на некои жени кои се труделе да изградат кариера тоа би им пречело, но не и на Химена. Напротив, не поминува ден а таа да не објави ново секси селфи.
