Исповед: Имам 37 години, среќно сум омажена но редовно имам секс со...

Два пати неделно го имам најдобриот секс со 19- годишен дечко кому до пред 4 месеци му бев шеф. Џејк, човекот со кого сум во среќен брак веќе 10 години, не знае ништо за тоа и не планирам да му кажам.

Џејк и јас никогаш не водевме многу љубов. Дури и на 19 години кога се запознавме, беше од оние луѓе кои сакаат секс два пати неделно. Јас секогаш сакав секс два пати дневно. Додека бев на факултет водевме врска на далечина, па сексот не беше толку чест колку што сакав, но се убедив себеси дека би имале повеќе секс кога би живееле поблиску.

Додека да се венчаме дојдовме до тоа да имаме секс еднаш во неколку месеци, и тоа само кога јас го молев. Секој пат плачев кога го прашував што треба да применам. Дали сака перверзен секс? Или можеби сексот е премногу перврезен? Дали потајно имал некој фетиш кој го криел од мене?

Сексот делува како толку банална работа за жалење кога се останото во врската ви оди супер, но и девојките имаат потреби, и на крај плачев.

Бидејќи поминав добар дел од деценија со човек кого сексот воопшто не го интересира, не ми недостасуваа секси играчки, и не се двоумев да ги користам, но никако не ми тргаше од рака за го задоволам тој нагон.

Го ограничив жалењето на еднаш неделно. Еднаш неделно плачев и му се жалев. Еднаш го молев да ми помогне да се задоволам. Еднаш му реков дека не сум сигурна дека можам да останам во брак без секс. Го прашав да ми дозволи да имам пријател за секс. Ми рече дека ќе размисли за тоа, и ја смени темата. Почувствував дека не ги сфаќа сериозно моите потреби.

Последниот пат, низ солзи му кажав се на Џејк, и тоа дека постојано замислувам секс со други мажи. Не му беше пријатно. Вети дека ќе се потруди. Но ништо не се промени. На крај конечно го убедив да оди на лекар.

Тоа беше пред седум месци. Конечно имаме дијагноза: ниско ниво на тестостерони. Требаше да ја имаме одамна, но на Џејк му требаше време да оди на доктор. Му беа потребни две недели да извади крв, бидејќи се плаши од игли. Потоа му беа потребни три недели да оди на доктор за да ги види резултатите.

Секогаш кога ќе помислам дека се приближуваме кон крајот на овој процес, налетуваме на нова препрека, а Џејк настојува да се влече. Некаде попат одлучив дека не можам да го работам ова. Решив дека ќе си го задоволам апетитот на овој или оној начин. Не сакав врска, но не сакав ни врска на една ноќ. Сакав пријател за секс, со кој ќе можам редовно да имам секс додека оваа цела ситуација не се среди. Неколку дена поминав на сајтовите на предупредување, и размислував за мажите кои веќе ги познавам а кои би биле расположени за ваква врска.


Во тој период еден поранешен вработен ми пиша порака, за да ме праша за препорака за друга работа. Имаше 19 години и немаше никакви обврски. На новото работно место ќе работи ноќе. Ќе биде слободен во текот на денот, додека мојот сопруг е на работа. Беше совршен. Првиот пат кога имавме секс даде отказ.

Го изневерувам сопругот. Просто и едноставно. Во почетокот се чувствував ужасно. Првите две недели бев толку вознемирена што не можев да јадам. Сепак продолжив да се гледам со него.

Сексот со 19-годишен маж во почетокот беше чуден, но стана многу подобар. Во кревет Дин е се она што Џејк не е. Ентузијастичен е. Ми одговара. Сака да пробува нови работи. Сака да зборува за тоа како следниот пат ќе биде уште подобро. И најдобро од се, не морам да го молам за секс.

Сега скоро и да не чувствувам грижа на совест. Знам дека сето ова е привремено. Дин секогаш ме потсетува дека можеме да прекинеме кога ќе посакам. Се уште не сум подготвена, но знам дека тој ќе се сложи кога ќе го сторам тоа.

Не сме вљубени, тој не ми е момче. Воопшто не сакам да имам врска со него. Ние сме пријатели за секс. Тоа е договор. Тоа од почеток беше договор. Едноставно добар секс со човек кој сака да уживам и јас.

Ме прашаа како замислувам дека ќе заврши сето ова. Искрено, немам поим. Во најдобар случај, Џејк ќе почне да пие лекови, нивото на тестостерони ќе се поправи и сите проблеми ќе исчезнат.

Но, можно е да се подобри ситуацијата, но сепак да нема нагон. Тоа е мост кој ќе го преминам и доколку дојдам до него. За сега, изневерувањето не ми делува како грев, туку како фластер кој ми го одржува бракот додека не нејадеме долгорочно решение.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О