Славната тинејџерка повторно на мета: Дали таа изгледа пресекси за нејзините години?

Не е тајна дека многу девојки со шминка и секси облека сакаат да изгледаат постаро за своите години, но дали славната ријалити ѕвезда сепак претерала?

Младата американска ријалити ѕвезда Кајли Џенер во последно време е поекспонирана во јавноста од нејзината постара сестра Ким Кардашијан.


Пред неколку дена била во Лондон на промоција на сопствениот парфем и уште тогаш се појавија критичарите кои рекоа дека била облечена пресекси за нејзините години – носела прозирна маица под која и` се гледал градникот. Бидејќи Кајли навистина изгледа постаро од нејзината вистинска возраст, тешко е да се поверува дека има само 17 години.


Славната тинејџерка е на мета на јавноста во изминатата година, откако очигледно ги зголемила усните, почнала посилно да се шминка, да носи провокативна облека, а исто така во врска е со осум години постариот рапер Тајга.


Сега се појавија фотографии од Лос Анџелес каде што позирала за ново модно снимање во секси црно бикини кое го открило нејзиното тело. Многу критичари велат дека изгледа пресекси за нејзините години.


Во секој случај, младата девојка знае да заработува од својот изглед, а наскоро излегува и нејзината верзија од популарната игра за мобилни телефони во која гостува со нејзината сестра Кендал.







ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О