Поради рекордната стапка на задолженост на домаќинствата и вртоглавиот раст на цената на недвижнините, Норвешка планира своите граѓани да ги принуди на минимална отплата на годишниот долг.
Норвешките власти се заложуваат за воведување на мерки како би се намалила презадолженоста на граѓаните како и бум цените на недвижнините кои сериозно ја загрозуваат економијата на државата.
Помеѓу предложените мерки е и одредување на минималните граници за раздолжување од 2.5 отсто годишно од вкупниот износ на станбениот кредит во случај позајмицата да претставува 65 отсто од вредноста на имотот, пренесува списанието Figaro.
Државата предлага и заострување на условите за кредитирање, така што кредитната стапка би можела да биде подигната од пет на шест отсто.
Поради високиот економски раст благодарение на нафтеното богатство и ниските каматни стапки, Норвешка е земја со една од најголемите стапки на задолженост на домаќинствата во светот, која е за 2.3 пати поголема од распложливата годишна заработка.
Освен тоа, цените на недвижнините се повеќе од удвоени, за околу 120 отсто, од почетокот на 2003-тата година.
Само во последните 12 месеци, цените на становите во Норвешка се поскапени за 8.7 отсто, а долгот на домаќинствата за 6.2 отсто.
Поради големата испреплетеност на овие проблеми, голем број на аналитичари стравуваат од формирање на "плускавец" на пазарот за недвижнини.
Оттука доаѓа и предлогот на владата за финансиски надзор на државата.