Каква прецизност: Погледнете ги воздушните напади на моќната коалиција над Исламската држава

За да ја елиминираат заканата, од коалицијата продолжиле со воздушните напади.

Американското министерство за внатрешни работи, објавило снимки од воздушните напади на меѓународната коалиција на цели во Ирак. Станува збор за воздушна поддршка од САД во рамките на операцијата "Inherent Resovle".



Нападите биле извршени на локација под контрола на ИСИС, јавува Reuters.



Целта на операцијата е "да се елиминира" ИСИС и заканата која ја претставува за Ирак, Сирија, регионот и пошироката меѓународна заедница, велат во американското министерство за одбрана.



Коалицијата предводена од САД ја сочинуваат силите на Австралија, Белгија, Канада, Данска, Франција, Јордан, Холандија и Велика Британија.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О