Елса Хоск е новиот ангел на Victoria’s Secret

По заминувањето на Карли Клос и Доцен Крос, беше неопходно Victoria’s Secret да најде замена за нив, а според она што го пренесува Independent брендот одлучи за нов ангел да ја прогласи Швеѓанката Елса Хоск.


26 годишната Хоск првите чекори во модниот свет ги направила на свои 14 години. Инаку, Елса досега се има појавено на неколку ревии на Victoria’s Secret, меѓутоа дури сега ја доби титулата ангел, која ја носат најзвучните заштитни лица како што се на пример Адријана Лима и Алесандра Амбросио.


Хоск досега се има најдено на насловните страни на модни магазини како што се Marie Claire, Elle и GQ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О