Налудничаво колку што се очекуваше: Прва фотографија од Џаред Лето како Џокер

Како што веќе е познато, актерот и музичар Џаред Лето ќе го глуми Џокер во претстојниот филм на DC, „Suicide Squad“. Со 75-годишнината од постоењето на стрип ликот Џокер како повод, режисерот на филмот Дејвид Ајерс ја сподели првата официјална фотографија од актерот во улогата на Џокер.

Имиџот е налудничав, колку што се очекуваше - зелената коса, тетоважите, забите и морничавиот поглед, дефинитивно го доловуваат лудиот и генијален криминалец, вечниот противник на Бетмен. Овој Џокер има постриповски изглед од оној на Нолан (глумен од Хит Леџер), а целосниот изглед како и позата на фотографијата е очигледна референца на Џокер од стрипот „Batman: The Killing Joke“ (1988).


Панел од стрипот „Batman: The Killing Joke“ (1988).

Покрај Лето, во филмот ќе учествуваат и Вил Смит како Deadshot, Марго Роби како Харли Квин, Виола Дејвис како Аманда Волер, Скот Иствуд и други.

Во „Suicide Squad“ , што треба да излезе следната година, тајна владина организација ќе им понуди на неколку негативци да учествуваат во тешки мисии, во замена за намалување на затворските казни.

Како ви се допаѓа Џаред Лето како Џокер?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О