СДСМ бомба: Груевски си нарачал „мерцедес“ вреден речиси 600 илјади евра


Никола Груевски си нарачал луксузно возило, марка „мерцедес“, што граѓаните на Македонија го платиле речиси 600.000 евра, обвини во среда претседателот на СДСМ Зоран Заев, презентирајќи нов сет од аудио разговори, за кои вели дека се доказ за корумпираноста на власта.

Груевски стои зад секој скандал во држаавата вели, Заев. Желбата за луксуз на Груевски оди до таму што си порачал луксузен мерцедес со масажери и сите луксузни средства во него, во износ од 600 000 евра, како што нема во Југоистична Европа.

Мерцедосот е купен од парите на граѓаните, а се планира да се изрежира и како да е купен за потребите на МВР. Со Јанкуловска договараат како да ја наместат оваа јавната набавка, да глумат како да е за МВР.

„Фантазија е, нема такво друго возило во Македонија“, вели воодушевено Јанкуловска кога го видела мерцедесот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О