Граѓаните повторно се спречени да протестираат пред објектот на владата, а пред полицискиот кордон оставија платно на кое пишува „Збогум Никола“.
Клик на фотографиите за поголема резолуција
Тие извикуваат „Оставка“, a покрај барањето за одговорнoст на целата влада, бараат и итно ослободување на сите активисти притворени од 5.мај наваму, како и формирање влада за демократизација на институциите.
На дел од транспарентите кои се пред полицискиот кордон пишува „Груевски оди си“, „Слобода за студентите“, „Македонија се сака со оставки“ и „Три ластовички не ја чинат пролетта“ алудирајќи на оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков.
Денешната рута на демонстрантите од „Климент Охридски“ продолжува кон Основниот суд 1, а завршува пред Собранието на Република Македонија.