Апел за помош на малиот Михаил Јолески
Да помогнеме, да подадеме рака, да спасиме едно дете.
На четитригодишниот Михаил Јолески од Кичево дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција и десен бубрег огормен, со дилантација (проширен) со стеноза на мочен утерис.
За неговото лекување потребни се 10.000 евра, сума која неговото семејство не може да ја обезбеди. Неговата операција е закажана за 29 мај, но родителите мора претходно да ја обезбедат сумата која е потребна.за операцијата да биде реализирана. Доколку не се собере сумата, операцијата ке се реализира кога истата ќе се собере. А ИТНО Е!
Едно дете чека на нас. Да може да има и тоа детство какво што секое дете може да има.
Насмевката на Михаил е бесценета. Да му дадеме можност на ова сонце да се смее постојано.
Семејството замолува, кој може и сака да помогне, да помогне со донација на
210-5016883338.40 на НЛБ ТУТУНКА БАНКА.
Tелефонски броеви за донации
Т-Мобиле 070143117
VIP 077 143-110
ONE 075 143- 150
