Психопатите обично ги замислуваме како убијци и изроди, но еден канадски психолог кој професионалниот век го посветил на нивно проучување, тврди дека баш вашиот пријател, колега или партнер би можел да биде еден од нив.
Професорот Роберт Д. Хејрс, криминалистички психолог од канадскиот универзитет Британска Колумбија, напоменува дека психопатите се луѓе на на кои им недостасува каење и емпатија. Значи, нив им е сеедно дали сте живи или мртви.

Токму поради тие причини, американските психолози направиле тест кој може да утврди дали личноста има менталитет како сериски убиец, а многу убијци точно одговориле на следното прашање.
Прочитајте ја приказната и искрено одговорете.
„Жена, која ја погребувала својата мајка, меѓу луѓето кои дошле на последното испраќање, здогледала еден маж кој никогаш претходно не го видела. Прво нешто што и` паднало на памет било тоа дека тој изгледа прекрасно. Како од нејзините соништа. Во моментот се заљубила во него, но не се одважила да го земе неговиот телефонски број. Неколку дена подоцна, таа ја убила својата сестра“.
Кој мотив го имала оваа жена за да ја убие својата сестра?

Одговор: Жената се надевала дека истиот човек повторно ќе се појави на погребот.
Доколку вака одговоривте на прашањето, вие размислувате слично како психопат. Сепак, тоа не треба да ве загрижува, затоа што некои луѓе исполнуваат критериуми за психопати, но недоволно за да прават проблеми. Покрај тоа, некои особини на психопатите не мора задолжително да бидат маани.
