Сторителот дошол до платото под балконската врата од една од канцелариите на невладиното здружение, со употреба на тврд подесен предмет делувал на балконската врата и насилно ја отворил. Откако влегол внатре по извршеното пребарување одзел пет компјутери, еден фотоапарат, еден објектив, две видео камери, два мобилни телефони и еден ранец со што според пријавата се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.530 евра. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување и пронаоѓање на сторителот.
Вака во билтенот на МВР е заведена кражбата во просториите на Плусинфо за која исамата редакција извести вчера.