Наследникот на најбрзиот авион во светот

Американците работат на создавањето на тајно, хиперсонично летало кое ќе биде замена за легендарниот авион SR-71, што би било вистинска трансформација во воената авијација, пишува Popular Science.

SR – 71 Blackbird е најбрзиот авион на сите времиња. Авионот за прв пат летал во 1964 година, а престанал да биде во употреба во 1999 година. Името го добил затоа што бил невидлив за радарите, а сè уште го држи рекордот за брзина, неверојатни 3.529 километри на час. Толку бил брз што ниту една ракета не можела да го стигне.


Но, како што се менувала технологијата, со употребата на софистицирани сателити и напредни радарски системи, авионот станал технолошки застарен. Токму затоа инженерите од Lockheed Martin и Aerojet Rocketdyne работат на дизајнот на SR-72 во изминатите години. Тие сакаат да го изградат новиот најбрз воен авион во светот.


Станува збор за дрон кој освен за шпионирање ќе може да ги напаѓа целите со брзина до 6 пати поголема од брзината на звукот, да ги фотографира терените во шпионските мисии и да ја одбегнува противвоздушната одбрана. Тоа што засега е познато е дека на тој авион ќе му биде потребен хибриден погон, како и труп што ќе може да издржи екстремна топлина што ќе се создава во текот на хиперсоничниот лет. Бомбите од ова летало би требало прецизно да погодат цели од висина поголема од 24 километри.

Од Lockheed тврдат дека новото летало би можело да биде завршено до 2030 година, а кога тоа ќе се случи авионот би минувал 1.6 километри во секунда.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О